Битката за опстанок во македонското првенство станува се поинтересна барем ако се гледаат резултатите од полувремето.

Според моменталнта ситуација Борец со 36 поени може да биде помирен од другите тимови. Тие ќе имаат толку бодови доколку на крајот победат со Вардар, а на полувремето водат со 1:0 со голот на Мишов во 15-тата минута.

А непосакуван резултат покрај Вардар, во моментов имаат и другите тимови кои се плашат за прволигашкиот живот, Силекс и Ренова. На гостувањето во Струмица, кратовчани имаат само 1:1 со фенерџијата Беласица. Водство за Силекс донесе Ѓоргиев до 13-тата минута, за четири минути подоцна од пенал израмни Демир.

Ренова пак исто така на гостувањето во Струмица има негатива против Академија Пандев, кои дојдоа во водство од 1:0 со голот на Миловановиќ во 25-тата минута.

Со голот на Чарлестон од втората минута, Македонија Ѓорче Петров води на првиот меч по враќањето на Александар Таневски на клупата.

Шкендија иако имаше негатива од 1:0 против Работнички, откако во втората минута стрелаше Марио Станковски, стигна до пресврт и водство од 1:2, со голот на Игор во 19-тата минута и во 42-та на Хебај.

Без голови во првите 45 минути е мечот меѓу Струга Трим Лум и Шкупи.