Екипата на Јувентус има предност во дербито со Интер кое се игра во рамките на 36.коло од Италијанската Серија А.

Кристијано Роналдо во 23.минута го донесе Јувентус во водство од 1-0 од пенал , кој од првиот обид не го реализираше, но по втор пат Португалецот беше прецизен и донесе предност за Јувентус.

Ромелу Лукаку за разлика од Роналдо во 34.минута беше прецизен од белата точка и донесе израмнување за гостите од Милано.

Во моментите кога сите очекуваа тоа да биде конечен резултат по првиот дел , Квардадо доби една топка на работ на шеснаесетникот и во 48.минута од првиот дел донесе предност од 2-1 за Јувентус што е конечен резултат по првиот дел.