На 22 јуни во 1986-та година, репрезентацијата на Аргентина ја победи Англија во четвртфиналето на Мундијалот во Мексико, натпревар кој остана запамтен по двата гола на Марадона: „Божјата рака” и „Голот на векот”.
Аргентина и Англија играа пред неверојатни 115.000 гледачи на „Ацтека “стадионот во Мексико Сити. По првиот дел немаше голови, потоа на сцена стапи Диего Армандо Марадона.
Марадона, во 51-та минута искористи една нафрлена топка која со помош на неговата рака заврши во мрежата на Шилтон. Судијата не го забележа соминителниот момент и го призна голот, подоцна овој момнет во светот го нарекоа „Божјата рака“ на Марадона кој изјави дека постигнал гол , малку со глава, малку со рака.
Марадона постигна уште еден гол, акцијата ја започна од својата половина, помина неколку играчи на Англија и го совлада голманот Шилтон.
Be the first to write a comment.