Норич го победи Лестер со 1-0, прв  натпревар од 28 колов во Премиерлигата.

„Лисиците“ постигнаа гол по четири минути игра во вториот дел, но поради игра со рака на Ихеначо тој  беше поништен.

Норич во продолжението запиша погодок преку Луис во 70 минута, тоа беше доволно за важна победа во борбата за опстанок.

Лестер четири средби во низа не знае за победа во Премиерлигата, има два порази и две нерешени, Норич по три порази и една нерешена средба конечно запиша победа.

На табелата, Лестер е трет, и покрај поразот ќе ја задржи оваа позиција п осредбите од ова коло, Норич останува последен но сега има 21 бод.