Минатата недела стигна вест дека Килијан Мбапе размислува за опцијата да замине од ПСЖ и дека неговиот иден клуб би можел да биде Ливерпул.

Новинарот на Сандеј Тамјс, Данкан Кастелс во разговор за „Transfer Window Podcast“, отрива дека Мбпасе сака да игра во Премиер лигата, а дека најблиску е до заминување на Енфилд кај Јирген Клоп.

„Според моите сознанија, Мбапе планира да замине во една двете лиги во кои сака да игра во наредната фаза од кариерата. Премиер лигата е негова желба и ми имаат кажано дека би сакал да игра во Ливерпул. Му се допаѓа и Манчестер Јунајтед, но повеќе би сакал да соработува со Јирген Клоп во Ливерпул“- вели Кастелс.

Мбапе и порано се поврзуваше со Ливерпул, а приказните стаа се почести пред две недели, кога постигна хет трик во првиот меч од осминафиналето на Лигата на шампионите, во кој ПСЖ како гостин ја победи Барселона со 4:1.

На социјалните мрежи се појави просалва на првиот гол на Мбапе за Монако во Лига 1, а тоа ја разбуди надежта меѓу фановите на Ливерпул.

Мбапе со само 17 години и 62 дена постигна гол против Троја во во февруари 2016-та година, а потоа го прослави во стилот на Даниел Стариџ, кој тогаш играше за Ливерпул. Тогаш стана најмлад стрелец во историјата на Монако, а неговата прослава стана причина за големи шпекулации да има сега.