Парма и Торино во моментов го играат последниот натпревар од 6. коло во калчо лигата, резултатот засега е 1-1, младиот  Дејан Кулушевски го постигна голот за домашниот тим.

Кулушевски(19) погоди за Парма во  втората минута, за него ова е прв гол сезонава во калчото.

Играчот за врска на Парма има настапи за У17 селекцијата на Македонија, одигра 5 натпревари, постигна шест голови, потоа се откажа од националниот дрес на нашата земја и реши да настапува за Шведска каде е роден.