Дејан Кулушевски беше еден од најдобрите поединци кај Парма на мечот со Торино кој заврши со победа на домашните од 3-2, последен натпревар од 6. коло во калчо лигата.

Младиот Кулушевски кој има 19 години, постигна гол во 2 минута за водство на Парма. Тој е поранешен репрезентативец на Македонија во селекцијата до 17 години, потоа реши да игра за Шведска каде е роден.

Торино по водството на домашниот тим направи пресврт со головите на Ансалди и Белоти за 1-2. во финишот на првиот дел нов гол, за  2-2 погоди Корнелиус во 45 минута на асистенција на Кулушевски.

Победата на Парма ја донесе Инглесе во 88 минута за важни три бода.

Торино  и Парма се на делба на осмата позиција со по 9 бода по средбите од комплетното 6. коло во калчо лигата.