Еден од главните фаворити за титулата во Европа лигата, Порто изненадувачки е елиминиран уште по 1/32 од ова натпреварување, откако по втор пат загубија од Баер Леверкузен, овој пат со 1-3.

Првиот меч во Германија, „Фармацевтите“ го добија со 2-1. Германците дуелот го решија уште по првиот дел кога со голот на Аларио дојдоа во водство, а Демираби и Хаверц само ја потврдија убедливата победа.

Почесниот гол за домаќините беше дело на Марега во 65.минута, а во мечот го завршија со фудбалер помалку по директниот црвен картон на Соарес.