Еден од најдобриот фудбалер на сите времиња, Кристијано Роналдо вечерва во победата на Португалија против Луксембург со 3-0 го постигна јубилејниот 700 погодок во својата кариера.

Популарниот ЦР7 стрелаше во 65 минута, откако успеа да ја одземе топката на еден од дефанзивците на Луксембург и со рутински лоб удар ја затресе мрежата.

Со оваа победа Португалија се одлепе на втората позиција од групата Б со 11 бода, односно 4 повеќе од Србија која е на 3 позиција.

Во рамки на оваа група лидерот Украјна со 2-0 ја совлада Литванија и остана на првата позиција со 16 бода по 6 кола.