Актуелниот Европски првак селекцијата на Португалија славеше со 0-2 против аутсајдерот Луксембург и во последен момент избори пласман на континенталниот собир следното лето.

Стрелци за „европските бразилци“ беа Бруно Фернандес во 41 минута и Кристијано Роналдо во 86 за кого ова беше 99 погодок во дресот со националниот грб.

 

 

Португалија беше во борба со Србија за второто место во групата Б, а нашиот северен сосед ремизираше против Украина која од пред две кола го завери својот пласман на ЕП 2020.