Португалија води по првиот дел на мечот со Србија во Белград минимално со 1-0, голот го постигна Вилијам Карављо.

Португалците единствениот гол го постигнаа во финишот на првиот дел, Карављо погоди во 42 минута. Португалија има само два порази на последните 32 официјални меча, запиша 18 победи.