Португалскиот слаткар, Хорхе Кардосо, направи скулптура на напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо, во природна висина и тоа од чоколадо.

Скулптурата е поставена на во португалскиот Оваре, каде во тек е локален карневал, а потоа истата ќе биде изложена во музејот на Роналдо во Мадеира.

Слаткарот потроши 200 часа за да ја создаде скулптурата, која е висока 1,87 м. и тешка 120 кг.