Вулверхептон пласманот во 1/16 финале на Лига Европа го обезбеди уште на првата средба, кога дома славеше со убедливи 4:0.

Но, „Волците“ можеа да победат и вчера во Барселона, доколку Педро Нето постигнеше гол во 87. минута, при резултат 2:2.

Нето имаше ситуација од која не може да се промаши, но тој го стори токму тоа.

Казната стигна во судиското надополнување, кога Калери постигна гол и му донесе победа на Еспањол, 3:2.