Фудбалерите на Манчестер Сити решија да го поздрават својот соиграч, Серхио Агуеро кој по 10 години си заминува од клубот и извесно е дека ќе ја засили Барселона.

Пред почетокот на натпреварот со Евертон, Агуеро доби посебна чест, во стил на голем шампион од своите соиграчи.

Агуеро е најдобриот стрелец во историјата на клубот со 258 голови.