И тоа се случува. Во Украина фудбалер од белата точка на страна шутираше сметајќи дека главниот судија погрешил во својата одлука и дека неправедно досудил пенал во нивна корист.

Поранешниот репрезентативец на Украина, Денис Кожанов направи фер-плеј потег кој се случи на пријателскиот меч помеѓу неговиот Волин и Лвов.

Кожанов намерно утнал пенал при резултат 2:1 за противникот, бидејќи сметаше дека судијата погрешил што досуди најстрога казна, односно немало никаков контакт за прекршок.

Крајниот резултат на оваа тест средба беше 2:1 за Лвов.