Лидс стигна до убедлива победа на гостувањето кај Барнли, во меч каде нашиот Езгјан Алиоски одигра 90 минути, а подели и една асистенција.

Резултатот на крајот беше 0:4 и покрај релативно мирното прво полувреме каде единствениот гол падна дури во 44-тата минута, а беше дело на Матеуш Клич по асистенција на Рафиња.

Алиоски беше борбен, како и секогаш, ама потегот кој го имаше во 34 минута, беше предмет на коментари на социјалните мрежи.