Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Диего Коста го привлече вниманието на светската јавност со потегот кој го направи по постигнувањето на голот за 1:1 на гостувањето кај Атлетик Билбао.

Коста одлучи голот да го прослави со дресот на фудбалерката на „Јорганџиите“ Вирџинија Торецилија која минатиот месец имаше операција на тумор на мозокот и сега се рехабилитира.