Драматичниот натпревар меѓу Јувентус и Наполи, во кој „старата дама“ славеше со 4:3 по автоголот на Кулибали, за многумина ќе остане запаметен по големиот потег на Џорџо Кјелини.

Фудбалерот, иако повреден, по завршување на натпреварот со патерици се симна на теренот и го утеши играчот на Наполи.

Ваквиот негов потег, според навивачите, е уште еден доказ за големата човечност на Кјелини.