Екипите кои беа фаворити во третото коло од А-Д половината во Лигата на шампионите победија, Јувентус со пресврт, Тотенхем, Сити и ПСЖ убедливи.

Реал Мадрид со голот на Тони Крос стигна до важна победа против Галатасарај, Зинедин Зидан барем за кратко може да здивне, отказот во моментов не е опција за Французинот.

Килијан Мбпапе со три гола го предводеше ПСЖ до победа над Клуб Бриж, Икарди постигна два гола за триумф од 5-0. На табелата води ПСЖ со 9 бода, Реал има 4, Клуб Бриж 4, Галатасарај 1 бод.

Група А

Галатасарај – Реал Мадрид 0-1

Клуб Бриж – ПСЖ 0-5

Тотенхем ја прегази Црвена Звезда со 5-0, Кејн и Сон постигнаа по два гола, еден беше дело на Сон. Баерн Минхен победи во Атина против Олимпијакос со 3-2. На табелата води Баерн Минхен со 7 пред Тотенхем со 4, Црвена Звезда има 3, Олимпијакос има само 1 бод.

Група Б

Олимпијакос – Баерн Минхен 2-3

Тотенхем – Црвена Звезда 5-0

Сити ја прегази Аталанта со 5-1, екипата од Италија поведе па потоа беше прегазаена во Манчестер. Шахтјор и Динамо Загреб одиграа нерешено 2-2. Аријан Адеми се повреди и беше заменет на оваа средба.

Голманот на Шахтјор направи пенал кој е сомнителен и може да предизвика истрага од страна на УЕФА. Сити има 9 бода, Динамо Загреб и Шахтјор по 4, Аталанта нема бодови.

Група Ц

Шахтјор – Динамо Загреб 2-2

Манчестер Сити – Аталанта 5-1

Јувентус со двата гола на Дибала со пресврт го победи тимот на Локомотив од Москва кој поведе преку Миранчук во 30 минута но прими два гола во 77 и 79 минута. Атлетико му нанесе трет пораз на Леверкузен.

Јувентус и Атлетико имаат по 7 бода, на третото место е Локомотив со 3, Леверкузен енма бодови.

Група Д

Атлетико Мадрид – Баер Леверкузен 1-0

Јувентус – Локмотив Москва 2-1