Дефинитивно е веќе дека задолжен за добрата атмосфера во македонскиот национален тим во Букурешт е Елиф Елмас и големиот звучник купен по негова желба. Откако вчера на ручек влезе со големиот хит на Гоце Арнаудов, денеска на ред дојде странски хит.

Во видеото може да се слушне песната „Balare, cantare…“, што секако повторно наиде на позитивни реакции во јавноста.

Убаво е да се види дека атмосферата меѓу македонските фудбалери е многу добро пред премиерниот меч против Австрија кој го играме во недела.