Мартин Одегард ја искористи одбиената топка во 22 минута по интервенцијата на Ареола и му донесе водство на Реал Сосиедад од 1:0 на „Сантијаго Бернабе“ во четвртфиналето од Купот на Кралот против Реал Мадрид.

Одегард одлучи да не го прослави голот пред навивачите кои со нетрпение очекуваат да го видат повторно во белиот дрес.

Одегард во моментов е на позајмица во Реал Сосиеад, предходно играше за Витезе, Херенвен како позајмен од Реал Мадрид каде за дебитираше во првиот тим во 2015 година по трансферот од Штромгосет.