Дуелот на Црвена Звезда и на Динамо Загреб на „Максимир“ во Загреб, одигран на 13 мај 1990 година остана запаметен како историски не поради резултатот туку поради нередите на теренот.

Навивачите на Динамо Загреб решија да се пресметаат со фановите на Црвена Звезда. Откако полицијата се вклучи во целиот хаос се вклучи Звонимир Бобан, физички го нападна поцилаецот Рефик Ахметовиќ и тогаш почна се…

Македонската фудбалска легенда, Дарко Панчев беше дел од овој немил настан ,за кој сведочи по 30 години.

„Секако дека на мене и на моите соиграчи не ни беше пријатно, но не чуствуваме страв за нашите животи.Сепак на крајот се исплашивме, кога нередите колуминираа. Отидовме во соблекувалната на Динамо но не знаевме што навистина се случува на теренот.“ – изјави Панчев кој во сезоната 1989/1990 беше прв стрелец во југословенското првенство со 25 голови.