Пред точно пет години Роберт Левандовски одигра натпревар каков што претходно не беше виден во натпреварите од најсилните лиги.

Неговиот Баерн Минхен губеше со 0:1 на полувремето и тогашниот тренер на Баварците Пеп Гвардиола, од клупата на теренот го прати полскиот напаѓач.

Она што се случи потоа делува нереално. Левандовски од 51-та до 60-тата минута постигна пет голови, а успеа еднаш да ја погоди и стативата. Сите пет гола тој ги даде точно осум минути и 59 секунди, со што стана играч рекордер кој за најмалку времен поентирал пет пати.

Покрај тоа стана сопственик и на Гинисовиот рекорд, а постави и рекорд за најбрз хет трик во четири минути, како и рекорд на голови за игра кој влегол од клупа.