Поранешниот репрезентативец на Македонија, Ѓорѓи Христов помина три сезони во дресот на англиски Барнсли, одигра 45 натпревари и постигна осум голови.

Христов кај навивачите на Барнсли ќе остане запаметен по голот против Лидс постигнат на 4 април 1998 година.

За магичниот гол на Христов не потсети официјалниот Tвитер профил на Премиер лигата.

Христов во Барнсли премина во 1997 година по трите сезони минати во Партизан. Христов за Македонија одигра 48натпревари и постигна 16 голови.