Интересен настан се случи во првенството на Северна Ирска.

Екипата на Портдаун го совлада тимот на Квин Универзити, со резултат 7:1.

Во еден момент во празен гол шутираше Адам Сали, кој веднаш почна да го слави погодокот. Но, топката заглави во калта пред самата гол линија. Работата мораше да ја заврши неговиот соиграч Крис Лајвери.