Иако има огромно присуство на полиција, сепак дојде до пресметка меѓу навивачите на Аталанта и Бед Блу Бојс пред мечот во Лигата на шампионите.

Аталанта во Милано го пречекува Динамо Загреб во клучниот меч од групата Ц, шампионот од Хрватска има голема поддршка, на влезот 10 пред стадионот „Џузепе Меаца“ дошло до пресметка меѓу двете навивачки групи.

Летале шишиња, биле употребени и поротехнички средства, полицијата ги разделила двете групи.