Откако Франк Лампард одлучи да ги понижи своите голмани, пред се Кепа Аризабалага со одлуката да го регистрира Петр Чех за настап во Премиер лигата, се појави видео од тренинзите на 38 годишниот голман.

Чехот сеуште е во одлична форма, а се очекува наскоро и да добие шанса да брани на натпревар за „сините“ иако тешко дека тоа ќе се случи викендов на гостувањето на „Олд Трафорд“ во дербито на колото во Премиер лигата.