Славниот чешки клуб Славија Прага во купот успеа да оствари победа од 10:3 против третолигашот Карлови Вари, но после мечот еден корнер на поразениот тим стана хит на социјалните мрежи.

Се играше 53-тата минута, на семафорот стоеше 7:1 за Славија, кога играчите на Карлови Вари имаа корнер. Во тој момент изведоа неверојатен трик.

Пет играчи се гушнаа на ивицата на казнетиот простор, за потоа да се раздвојат и да тргнат према голот. Еден од играчите на Карлови Вари беше највисок и постигна гол за радост на скромниот третолигаш.