Откако по воведните две кола на ЕУРО 2020, Македонија не успеа да освои барем бод, дуелот со Холандија в понеделник е последна шанса за историски бод или бодови на овој континентален собир.

На денешниот тренинг во Амстердам, покрај тоа што недостигаше Горан Пандев поради повреда на зглобот, издвоени од група тренираа: Адеми, Алиоски, Стефан Ристовски и Дарко Велковски.

Македонија во понеделник на „Јохан Кројф“ во Амстердам ќе ги одмери силите  со Холандија во третото коло од групната фаза на ЕП.