Продолжува големата криза на Ливерпул на Енфилд, актуелниот шампион го забележа шестиот пораз по ред на Енфилд, и шести во последните седум меча.

Голот за победа на Фулам го постигна Марио Лемина по големата грешка на Мохамед Салах на крајот на првото полувреме, во 45-тата минута.

Ливерпул второто полувреме доминираше, напаѓаше, имаше шанси пред голот на Алфонс Ареола, но потренбниот гол барем за бод на крајот го немаше.