Украина која е противник на Македонија на ЕУРО летово, со нерешен резултат против фаворитот Франција ја започна кампањата за пласман на мундијалот во Катар.

Франција и Украина одиграа 1-1, двата гола ги постигнаа француските фудбалери, еден во мрежата на противникот, и еден во сопствената мрежа.

Со голот на Гризман, Франција поведе во 19 минута. Украина освои голем бод, автогол запиша Кимпембе во 57 минута кога ги постави конечните 1-1.