Манчестер Јунајтед и Јанг Бојс во овие моменти го играат натпреварот од првото коло во Лигата на шампионите , а по само 10 минути падна и првиот погодок кој беше дело на Кристијано Роналдо.

Бруно Фернандес одлично асистираше , Роналдо се најде во шеснаесетникот на Јанг Бојс и непречен од никого ја затресе мрежата на домаќините.