Горан Пандев е топ тема во Италија, барем меѓу навивачите на клубовите за кои настапуваше досега во кариерата.

Во пресрет на најавената пензија ова лето, Пандев вчеравечер го постигна 100 гол во Серија А во ремито со Беневенто.

Но ретко кој се сеќава на првиот гол на Пандев во Серија А, кога во дресот на Анкона реализираше против Болоња во поразот од 3:2 на 7 декевмри 2003 година.