Илија Несторовски почна да ги тресе противничките мрежи во дресот на Удините. Нашиот репрезентативен напаѓач постигна два гола на денешната контролна средба со нисколигашот Кјарлинс во победата од 7:0. Се надеваме дека ова е само почеток од успешната приказна на Несторовски во Удине.