Откако во второто квалфикациско коло го демолираа турскиот великан Галатасарај, фудбалерите на ПСВ Ајндховен денеска уште еднаш покажаа во каква форма се, убедливо со 3:0 славејќи против Митјиланд.

Се што можеше да се види од голови на овој меч беше во првото полувреме, кога ПСВ ги постигна сите три гола.

Нони Мадуеке донесе водсво во 19-тата минута, а Марио Геце 10 минути подоцна зголеми на 20. Конечните 3:0 ги донесе Коди Гакво со гол 32-та минута.

 

 

 

Други натпревари:

Малме- Ренџерс 2:1

Спарта Прага- Монако 0:2

ЦФР Клуж- Јанг Бојс 1:1

Генк Шахтјор 1:2