Францускиот фудбалски првак, ПСЖ потпиша четиригодишен договор со 29 годишниот репрезентативец на Сенегал, Идриса Гана Геје.

Парижаните на Евертон му платија 30 милиони евра со можност сумата да порасне за дополнителни четири милиони евра.

Гана играше четири години за Евертон а професионалната кариерата ја започна во Лил.