ПСЖ на „Паркот на Принцевите“ славеше со огромни 1:5.

Интересно, Лион поведе прв, со голот на Мартин Терие во 11. минута. Но,  радоста траеше точно три минути, кога израмни Килиан Мбапе.

Се се смени по исклучувањето на дефанзивецот на Лион Фернандо Марсал, кој играше со рака во својот шеснаесетник. Пеналот го реализираше Нејмар, за 1:2 во 64. минута.

До крајот на натпреварот Лион прими уште три гола. Прецизни беа повторно Мбапе во 70. минута, Пабло Сарабија и по третпат Мбапе во судиското надополнување.

Во второто полуфинале, кое се игра утре со почеток од 20.55 часот, ќе се сретнат Сент Етјен и Рен.