ПСЖ и Најк денес го објавија новиот дрес за домашен терен за сезоната 2019/20.

Во соопштениет од клубот се посочува дека на новиот дрес истакнати се двете главни бои – црвената и сина, а станува збор за модерна преработка на легендарниот дизајн на дресот.

За прв пат на дресот ќе има еден спонзор, ALL – Accor Live Limitless, кој ќе се појави на дресовите на сите тимови во фудбалските секции на ПСЖ.