ПСЖ многу потешко од планираното го совлада Бордо во 26 коло во Лига 1. Актуелниот првак на Франција истрча со најсилниот состав но и ова не беше доволно за рутинска и мирна победа.

Бордо поведе по само 18 минути со голот на Хванг.

Кавани израмни во 25 минута а Маркињос донесе пресврт во 45 минута. Пред крајот на првото полувреме во 5 минута од судиското прдолжение Пабло израмни на 2:2.

Во вториот дел, Маркињос со својот втор гол во 63 минута повторно му носи водство на ПСЖ. На 4:2 зголеми Мбапе во 63 минута.

 

Конечните 4:3 беа дело на Пардо во 83 минута. До крајот Нејмар заработи втор жолт картон и поради ова нема да може да настапи за првакот за дуелот со Дион во следното коло од Лига 1.