Управата на ПСЖ и Маурисио Покетино се согласија на продолжување на соработката до јуни 2023 година.

Искусниот стратег во новата сезона има амбиција да дојде до тројна круна со тимот од „Паркот на Принцовите“.

Покрај двојната круна во Франција да ја освои и Лигата на шампионите.

„Пресреќен сум, важно е кога ќе почуствувате дека ви веруваат во клубот. Ќе направам се што можам за да ги направам горди навивачите на ПСЖ.“ – изјави Покетино.