ПСЖ се намачи но ги освои трите бода на гостувањето кај Бордо во 8 коло од Лига 1 и со ова ја задржи првата позиција на табелата.

Проблематичниот Нејмар уште еднаш се покажа како незаменлив во екипата на Тухел постигнувајќи го единствениот гол на мечот во 70 минута откако резервистот Мбапе реши несебично да додава во противничкоит шеснаесетник.

Денешниот гол за Нејмар беше трет во оваа сезона во најсилното фудбалско првенство на Франција по четири натпревари.