ПСЖ со победа ја отвори новата сезона во Лига 1 во која ја брани титулата. Парижаните со головите на Кавани, Мбапе и на Ди Марија победија со 3:0.

Нашиот интернационалец, Влатко Стојановски не доби шанса во составот на Ним, напаѓачот не беше ниту на клупата за резерви.

Во следното коло ПСЖ ќе му гостува на Рен а Ним ќе ја пречека Ница.