Актуелниот фудбалски првак на Франција,  по подолго време во поновата историја на клубот успеа да ја мине осминафиналната фаза во Лигата на шампионите. Последен пат ПСЖ играше во четвртфиналето во 2015/2016 година.

ПСЖ по поразот во Германија од 2:1 од Борусија Дортмунд, на реваншот во Париз успеа да слави со 2:0 и со ова да обезбеди четвртфинале во елитата на УЕФА.

Нејмар и Бернат беа стрелци на головите за домаќинот постигнати во првото полувреме.

Нејмар голот го прослави на невообичаен начин, односно го ископира радувањето на Халанд, момент кој наиде на осуда со оглед на годините и искуството кои ги има Бразилецот во однос на младиот напаѓач на „Милионерите“.

Со ова ПСЖ им се приклучи на Лајпзиг и на Атланта меѓу најдобрите осум за оваа сезона во фудбалска Европа.