Актуелниот првак на Франција дојде на еден бод до Лион на табелата во Лига 1 откако вечерва го совлада Брест со 3:0 во 19 коло.

Головите за ПСЖ ги постигнаа Кин, Икарди и Сарабиа.

Лион одигра 2:2 на гостувањето кај Рен и со ова дојде до седмото овосезонско реми. Монако го совлада Анжер со 3:0.