Фудбалерите на ПСЖ славеа во дуелот со Лион во Париз со 4:2 и со ова дополнително се зацврстија на лидерската позиција во Лига 1 по 24 кола.

Ди Марија и Мбапе ги постигнаа головите за фаворитот во првото полувреме.

 

На стартот од вториот дел, Маркал си постигна автогол за водство на ПСЖ од 3:0. По ова Териер и Дембеле ја вратија неизвесноста на натпреварот по 59 минути, резултатот беше 3:2.

Дилемите ги разреши Едисон Кавани по асистенцијата на Ди Марија во 79 минута. Мбапе со денешниот гол дојде на еден гол до лидерот Бен Једер на листата на стрелци кој води со 16 голови.