ПСЖ има предност од 2-0 на полувреме во дербито кај Монако во воведниот натпревар од 11 коло во француската Прва лига.

ВАР системот поништи уште два гола на ПСЖ, еден од нив на Мбапе.

Францускиот репрезентативец го отвори резултатот во 26 минута кога прими топка на 40-ина метри од Ди Марија и како брз воз ја остави зад себе одбраната на Монако пред да ја смести топката во мрежата на домаќините.

Мбапе со гол од пенал десет минути подоцна го зголеми водството, а негвоиот трет гол пред истекот на полувремето беше поништен по консултација со ВАР собата  поради офсајд.