Актуелниот шампион на Македонија, тимот на Шкендија доживеа втор последовен пораз, овојпат од Работнички со минимални 0-1 во рамки на 23.вонредно коло од Првата лига на Македонија.

Со оваа победа „романтичарите“ им се реваншираа на тетовчани кои пред една седмица ги елиминираа од четвртфиналето од Купот на Македонија. Единствениот погодок се случи во 54 минута кога Херера нафрли во шеснаесетникот на Шкендија, Захов несмасно реагираше и топката заврши зад неговиот грб.

Шкендија мечот го заврши со двајца фудбалери помалку по исклучувањата во финишот на Кривак и Мерксани.

Академија Пандев игра под очекуваното во вториот дел од сезоната, а нов шок за струмичани им приреди Ренова која славеше на гостински терен со 0-1. Единствениот погодок беше дело на Башким Велија во 38.минута од мечот.

На преостанатите натпревари, на гостинскa победа се радуваше и Борец кој беа подобри од Македонија Ѓ.П, додека Силекс и Шкупи одиграа 1-1.

Standings provided by Sofascore LiveScore