Вториот овосезонски гол на Виктор Велкоски се покажа како доволен за Работнички да освои три бора против Академија Пандев во воведниот напревар од 22 коло во ПМФЛ.

Дуелот на „Тодор Проески“ проследен со дожд го одбележа жестоката битка на двата тима со различни амбиции. Домаќините со денешната победа од 1:0 (Велкоски 56 минута) ја продолжија позитивната серија во 2020 година додека Академија Пандев првата победа во новата година ќе ја бара во следното коло.

Новиот тренер на Академија Пандев, Александар Таневски ќе има полни раце работа за да го врати позитивниот дух во соблекувалната на тимот од Струмица.

Ова 22 коло продолжува утре:

13:00 Ренова – Вардар
14:00 Силекс – Македонија Ѓ.П.
14:00 Борец – Шкендија
14:00 Струга ТЛ – Шкупи