Галатасарај ја победи Касимпаша во воведниот натпревар од 4 коло во турската Супер лига.

Единствениот гол на мечот го постигна новото засилување за домаќините.

Радамел Фалкао со малку среќa успеа во 38 минута да го совлада Озтурк и да „збудали“ публиката на арената „Турк Телеком“.