Фудбалерите на Севиља ја победија Селта во Виго со 1:0, во деветтото коло во Примера.

Единствениот гол на натпреварот го постигна Рафа Мир, во 54. минута од натпреварот.

Имаше голема среќа што топката се одби директно во неговите нозе по ударот на Сусо, па не му беше многу тешко да го совлада голманот Дитур.

Севиља се врати на третото место на табелата со нови три бода – има 17, исто колку и второпласираниот Реал, односно три помалку од водечкиот Сосиедад, кој има меч повеќе.

Селта имаше шанса да стигне барем до еден гол на овој натпревар, а најблиску беше Санти Мина, кој ја погоди стативата.

Во финишот, Нолито и Чави Галан за малку не постигнаа гол.

Екипата од Виго се наоѓа на 16. место со седум бода, два повеќе од Леванте, кој се наоѓа во опасната зона.